Спартак Москва го претстави Атман!

И втората најава на g-sport.mk  дека Павел Атман нема да го дочека крајот на сезоната во Вардар се реализираше. Не мина ни еден час откако Берлин го официјализираше трансферот на Даинис Криштопанс и Спартак Москва на својата веб страна го претстави Павел Атман. 

Трансферот на Павел Атман во Москва беше очекуван. Русите го сакаа веднаш, но во целата приказна се прашуваше и Вардар, па остана до денеска неодговорено дали или кога ќе биде реализиран. 

Но, ситуацијата во Вардар се заостри по поразот од Кил на почетокот на вториот дел од Лилгата на шампионите. Во сабота во Скопје доаѓа Мотор Запорожје и Вардар веќе стравува и за овие бодови, иако и Украинците продадоа играчи и тоа во Спартак Москва. 

Но амбициите на Вардар сега се значително намалени, а во елиминациите на ЛШ прв противник би можел да биде и ПСЖ.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk