ГОТОВО Е: Берлин го претстави Криштопанс!

Неофицијалната информација, доби официјална форма. Најдобриот вардаров играч нема веќе да го гледаме во „црвено-црно“. Даинис Криштопанс заминува во Берлин и утре треба да биде официјалната промоција. 

G-sport.mk вчера ексклузивно најави дека Даинис Криштопанс сезоната би можел да ја заврши во Берлин место во Вардар или ПСЖ.
Денеска, германскиот клуб ја официјализираше информацијата и го претстави Даинис Криштопанс за свој играч и тоа веднаш. 

Вардар остана без услугите на Летонецот, но за жал приказната овде нема да заврши. Се очекува наскоро и официјализирање на трансферот на Павел Атман во Спартак Москва, а g-sport.mk има сознанија дека и други играчи се спремаат да го направат истиот чекор. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk