Криштопанс оди во Бундес лига?

Заминувањето на Даинис Криштопанс и Павел Атман се чини дека е готова работа. Но, постои и веројатност дека веќе нема да ги гледаме во дресот на Вардар, односно дека си заминуваат веднаш. 
Во тој правец се одвиваат работите, иако треба да се води сметка дека сите информации врзани на оваа тема се неофицијални. 

Изненадување е заминувањето на Криштопанс и тоа не во редовите на ПСЖ со кого има потпишано договор од јули 2020. Тоа и би било малку комплицирано со оглед на тоа дека во Франција е завршен преодниот рок и би можел да игра само како медикал џокер, додека во ЛШ не би имал право на настап. 

Според неофицијални сознанија на g-sport.mk, Даинис Криштопанс нема веднаш да оди во ПСЖ туку би требало да се пресели во редовите на Фуксе Берлин до крајот на сезоната. На овој клуб и тоа како му е потребна џиновска помош во битката за добар пласман во Бундес лигата. 

Што се однесува до рускиот плејмејкер, нема нови моменти. Се очекува Павел Атман да биде претставен како нов играч на Спартак Москва. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk