Криштопанс и Атман си одат веднаш?

Клопчето во Вардар веројатно почнува да се одмотува многу побрзо од очекуваното. Не мина ниту еден ден откако Кристијан Дизингер објави дека само чудо би го задржало во Скопје, а денеска стигна нова информација. 

Познато е дека Даинис Криштопанс си заминува од клубот, а и Павел Атман е на излезна врата. Криштопанс веќе позираше со дресот на ПСЖ, а Павел Атман е „јавна“ желба на Спартак Москва и тоа не за од лето туку од сега. 

Денешната информација е дека Даинис Криштопанс и Павел Атман нема да чекаат до јуни, туку дека од Вардар заминуваат „веднаш“. 
Што значи тоа веднаш, не можевме да провериме. Информацијата официјално не е потврдена, но очекуваме наскоро реакција  од клубот, ракометарите или пак од ПСЖ или Спартак Москва. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk