ВЕСТИ: Лоши вести за Лино од Франција, Динамо за 20 минути ја распродаде салата...

Поранешниот бек на Вардар, Стефан Терзиќ, кариерата ќе ја продолжи во чешкиот клуб Талент Плзењ. Овој 25 годишен десен бек беше во Вардар од 2013-15, потоа замина во Ла Риоха, па потоа во Бенфика, а оттаму во Турда од Романија. 

Лоши вести за Лино Червар доаѓаат од Франција. Противникот во Олимписките квлаификации на Хрватска, нема да биде ослабен. Седрик Сориндо еден од столбовите на францускиот тим се предомисли и ќе продолжи да игра за Франција. 
Пикерот на Барса, по ЕП изјави дека се повлекува од репрезентација. Но, како што изјави за Л'Екип, соиграчите од репрезентацијата го предомислиле. 
Така Франција останува со три врвни пикери - Сориндо, Фабрегас и Турнат. 

Крилото Максим Баранов потпиша продолжување на договорот за две години со екипата на Мешков Брест. 

Динамо Букурешт се пофали дека за помалку од 20 минути ги продале сите билети за дуелот од елиминациите од ЛШ со Спортинг Лисабон. Да имавме сала од 10.000 и таа ќе ја наполневме се пофалија од романскиот клуб. 

Еден од најдобрите швајцарски ракометари, Лука Марос, потпиша нов договор со екипата на Кадетен Шафхаузен. 

Тунискиот репрезентативец Џихед Џабалах го напушта шведскиот Кристијанштат и во продолжението на сезоната ќе игра за Татран Прешов од Словачка. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk