Дизингер: Ќе биде чудо ако останам во Вардар

Даинис Криштопанс и Данил Шишкарев веќе позираа со дресовите на ПСЖ и Веспрем, на излезнат врата е Павел Атман, а Кристијан Дизингер би можел да остане во Вардар. Ама тоа ќе биде чудо. Барам тој така изјави за Рајн Некар Цајтунг ермански весник што денеска е цитиран секаде низ Балканот. 

„Повеќето од играчите немаат земено плата повеќе од шест месеци. Овде може да е преживее и со 300 евра, но ситуацијата е многу стресна. 
Што се однесува до мене, ќе биде чудо ако останам во Вардар уште една сезона“, изјави Дизингер за РНЦ.

Оваа изјава можеби е само притисок, но најверојано е најава за нова реконкструкција на составот на Вардар кој од годинаа во година е се послаб. Ланското чудо за момент ги покри слабостите, но годинава ниту играта, уште помалку резултатите одат во прилог на тоа дека ќе гледаме нови чуда во Скопје. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk