Келце до крај на сезона без важна алка

Загубените бодови во последната секунда не беа единствената малерозна работа за Келце на гостувањето кај Монпеље викендов. 

По еден старт, замена побара Мариуш Јуркиевич, еден од последните полски играчи од славната генерација што се уште го носат дресат на шампионот. Јуркиевич веќе не се врати во игра, а Газета Келце објави дека во падот, настрадале лигаментите на левото колено. 

Ако се покажат точни нивните прогнози, тогаш сезоната за Мариуш Јуркиевич е завршена. И не само тоа, се работи за ветеран кој има 38 години и две операции на скинати лигаменти на левото колено досега. Третава, ако не му ја заврши кариерата, тогаш сигурно ќе го испрати во клуб што е далеку од нивото на кое игра Келце. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk