Honeyland се враќа дома без Оскар

Македонскиот документарен филм Honeyland ќе се врати од Лос Анџелес без престижната статуетка. Овој филм беше номиниран во две категории. Најдобар документарен филм и најдобар филм од странско говорно подрачје. 

Во првата категорија победник е American Factory, филм во чија позаднина стојат компанија на Барак Обама и Нетфликс, а во категоријата најдобар странски филм победии корејскиот филм Parasite. 

Овој епилог е очекуван, барем според букмејкерите. Се остварија прогнозите, не желбите. Македонскиот документарец постигна и повеќе од што се очекуваше, штета што ја нема круната. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk