ТРАНСФЕРИ: Двометраш во Струга, нови правила во Полска...

Самид Мекиќ, 21 годишен ракометар со потекло од Плевља денеска треба да дебитира за екипата на Струга, на пријателскиот натпревар со Преспа, објави струшкиот портал „Јави се Јужна“. 
Мекиќ кој е висок 2 метра досега има играно во Пореч од Хрватска и Хазена Нове Весели од Чешка.

Алжирскиот ракометар Ајуб Абди игра одлична сезона во францускиот Тулуз. Толку добро се вклопи во концептот на Филип Гардо, што клубот му понуди продолжување до 2023 година, што Алжирецот веднаш го прифати. 

Полска го укинува лимитот за тројца странци (вон ЕУ) од следната сезона, затоа што бил неефикасен, а притоа единствено Келце трпел последици од таквиот лимит. 
Место да ограничи број на странци, Полска воведува правило задолжително да има на терен двајца Полјаци во екипите, на натпреварите од домашното првенство. 

Рубен Пјер е голман на Монпеље кој како позајмен брани во Сесон Рен. Рубен Пјер реши во иднина да настапува за репрезентацијата на Гвинеја и да ја одведе на некое од наредните Светски првенства. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk