ТРАНСФЕРИ: Нов клуб за екс играч на Вардар, Јурецки се враќа во Полска

Поранешниот ракометар на Вардар, Добривоје Марковиќ, по заминувањето од екипата на Нови Пазар си најде нов клуб во својата Србија. 
Марковиќ кариерата ја продолжува во екипата на Југовиќ. 

Кина по сугестија на ИХФ се откажа од организацијата на Светското младинско првенство во женска конкуренција.  Корона Вирус, изолацијата односно карантинот кон кој се движи целата земја е причината ИХФ да треба да бара нов домаќин на ова првентво. Одлуката ќе биде донесена до крајот на месецов.

Полските медиуми Преглед Спортов и Спортове Факти објавија за можноста некогаш најдобриот полски ракометар Михал Јурецки да се врати во Полска по само една сезона мината во редовите на Флензбург. 
Михал Јурецки би требало да потпише за екипата на Азоти Пулави и тоа би станал најголемиот трансфер на овој клуб во историјата. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk