Селекторот на САД ги предизвика галамџиите

Фудбалските ѕвезди галамџии (американски фудбал) Фоксфорт и Катлер добија официјален „челинџ“ од селекторот на репрезентацијата на САД, Роберт Хедин. 

„Катлер и Фоксфорт имаат четири месеци да селектираат тим спортисти (не ракометари) и ќе им доделиме и врвен тренер за да бидат сигурни дека ќе бидат правилно тренирани и веродостојно ќе ги знаат правилата. 
Потоа ќе одиграме контролен натпревар против нас. Ако дадат повеќе од 10 гола, победници се и јас ќе ги носам сите на одмор во семејната куќа на мојата жена во Норвешка. 
Ако не дадат, тогаш ние со задоволство би биле гостин на фудбалски натпревар. 
Ракомет се игра седум на седум и мечот трае 60 минути. Ако не можат да издржат 60 минути, тогаш ќе играме едно полувреме, а тие треба да дадат 5 гола за да победат.“. 

Ова е официјалниот Челинџ од селекторот на САД, Роберт Хедин. 

Претходно Катлер, на ЕСПН изјави дека тој Леброн и уште еден играч би освоиле злато во ракомет на ОИ. Фоксфорт, пак, додаде дека ракомет играат само тие што не успеале во кошарка, фудбал... 

Одговор им стигна од Никола Карабатиќ, Каспер Мортенсен, Лука Дончиќ... а сега и од селекторот на САД..,

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk