ТРАНСФЕРИ: Хрват на клупа на Олимпијакос, Анти се враќа во Франција...

Хрватскиот тренер Ненад Кљаиќ е назначен за нов тренер на Олимпијакос од Атина и со работа почнува веднаш. Тој во Грција доаѓа на местото на Јоргос Заравинас од кого клубот веќе не е задоволен. 

Афану Гатине, засилувањето за Татран Прешов од ПСЖ ќе остане во Словачка само една сезона. На крајот на тековната сезона (ако не се договорат и за моментален трансфер) Гатине се граќа во Франција каде што потпиша договор со екипата на Шарт. 

Познатиот франсуски тренер, Тјери Анти, летово од Нант замина во Спортинг Лисабон, а таму ќе остане уште една година. Од 2021 Анти ќе се пресели на кормилото на екипата на Екс Прованс и ќе го замени Жером Фернандез. 
Легендарниот Жером, пак, останува во клубот но со повисока функција. Тој ќе биде дел од проектот што треба да го крене Прованс ниво погоре, а ќе има улога и како спортски амбасадар. 

Српското десно крило Богдан Радивојевиќ потпиша нов договор со Пик Сегед. Тој летово дојде од Флензбург и се покажа како полн погодок за тимот од Сегед. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk