Драма во Магдебург, прокоцкани плус седум

Екипата на Магдебург за која настапува Филип Кузмановски прокоцка седум гола разлика и на крајот ги подели бодовите со екипата на Хановер (30-30). 
Кузмановски играше во првиот дел, главно во одбрна и можеме да кажеме дека сосема солидно си ја вршеше работата. Дури во финишот кога Хановер се доближување, изнуди седмерец, имаше и блок по кој следеше контра, па Магдебург замина со 16-13 на полувреме. 

Во вториот дел доби шанса во напад, тој напад не мина добро, заврши со неуспешни обиди на Дамгард од пасивна и веќе не го видовме на терен. 
Магдебург во меѓувреме стигна до плус седум, а потоа исцедените играчи влегуваа од грешка во грешка,  на спротивната страна меч на кариера играше Тимо Кастенинг. На крајот Хановер неочекувано имаше и 15 секунди за победа. Но, себичниот Мат Патраил го упропасти нападот и по сирената и двата тима пцуеја и нервозно ги тресеа стативите. 
Хановер падна на четврто, Магдебург на петто место по ова реми. Берлин ги мина на табелата. 

Берлин, пак, играта против Лудвигсхафен, тим за кој Мартин Томовски стои на голот. Томовски мина 14 минути на голот, одбран два шута, а Берлин без проблеми го совлада аутсајдерот (27-19) и го остави на делба на претпоследното место. Делбта е со Штутгарт, екипа за која игра Жарко Пешевски. 

Филип Талески постигна два гола, за 7-6, и 8-7 на дуелот на Балинген со Лемго. Цел меч се водеше жестока битка во која Лемго главно имаше водство или диктираше резултат за конечни 31-29. Талески остана на тие два гола, а им додаде и две промашувања. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk