Падна Прокоп, Гисласон нов селектор!

Германија го смени селекторот. Кристијан Прокоп и покрај огромната поддршка што ја имаше кај Боб Хенинг, можеби највлијателниот човек во германскиот ракомет. 

Очекувавме денеска Русија да одбрере селектор, а не Германија. Алфред Гисласон требаше да биде промовиран во селектор на Русија. Но, иако одржаа состанок на Извршна Комисија, Русите го одложија најавениот избор. Сега знаеме и зошто. 

Попладнево Алфред Гисласон беше промовиран во селектор на Германија.

Исланѓанецот летоска објави дека оди на подолг одмор, пред неколку дена објави дека се враќа во игра. Веднаш беше поврзан со Германија, а пред неколку дена беше виден и на трибини во Москва. 

Сепак, Германија е поголем предизвик во секој случај, отколку репрезентација во која допрва следат големи потреси. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk