Петмина веќе никогаш нема да играат за Русија!

На Русите им „пукна“ филмот. Со години имаат на имиња силен тим, но во пракса резултатите се далеку од добри. Последното ЕП на кое беа меѓу последните четири во Европа, ќе биде момент каде што ќе се прекрши играта. 

„Четири-пет ракометари што играа на ЕП веќе никогаш нема да играат за Русија. Барем не додека јас сум претседател на федерацијата“, изјави Сергеј Шишкарев. 
„Тие не разбираат дека кога го облекуваат националниот дрес преземаат одговорност и кон фановите и кон тие што имаат вложено огромен труд за да едуцираат генерации на играчи. Забораваат дека ја бранат честа на својата зема. Тие го гледаат националниот дрес како дел од спортската опрема“, изјави Шишкарев. 

Русија денеска требаше да одбере селектор, замена за Едуард Кокшаров, но одложена е оваа одлука за следната недела затоа што треба(ло) да се договорат уште детали. 

Кој и да е нов селектор, ќе треба да расчисти со - четири, пет играчи што досега играле. И тоа ќе го направи со благослов односно по наредба на федерацијата. 

Во секој случај - со нетрпение го очекуваме првиот состав на Русија. Да видиме кои се тие четири-пет играчи што не го почитувале националниот дрес и дали меѓу нив има и ракометари на Вардар.
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk