ВЕСТИ: Карачиќ на принуден до март, РНЛ купи дефанзивец...

Игор Карачиќ ќе одмора и ќе ги лечи раните од Европското првенство цел февруари, информираа денеска полските медиуми. 
Хрватскиот бек нема да му биде на услуга на Талант Душебаев на следните натпревари на Келце во Лигата на шампионите што може сериозно да се одрази на нивниот пласман и патот кон Келн. 

Женската репрезентациа на Хонг Конг се откажа од учество во квалификациите за Олимписките Игри во Токио. Тие требаше да бидат во група со Србија, Норвешка и Романија. 
Следен на списокот е Тајланд, екипа што со големи разлики губи и од Хонг Конг, па најверојатно покана за учество во квалификациите ќе добие Германија, а тоа ќе ја направи групата исклучително тешка. 

Рајн Некар Ловен купи дефанзивец од Исланд. Од тимот на Валур доаѓа Орн Гисласон, а трансферот ќе биде реализиран веднаш. 

Анита Горбиц, најпознатата унгарска ракометарка покрај играчката, добива и тренерска улога во Ѓер. Таа за почеток ќе биде втор асистент на тимот. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk