Лука Дончиќ до Катлер: Внимавај, ракомет е тешко да се игра

Американскот квотербек Џеј Катлер, се глупираше на ЕСПН Телевизија изјавуваќи дека тој Леброн Џејмс и Патрик Махомс (уште еден НХЛ играч) би освоиле злато на Олипмписки Игри во ракомет. Секоја чест и за ЕСПН, нашле снимка од некој натпревар во САД што изгледаше како Супер лига жени во Македонија

Гостин во студиото беше и Доминик Фоксфорт, кој се покажа уште позабеган од споменатиот Катлер, па уште и јавно кажа дека со ракомет се занимавале само тие што не успеале во кошарка, американски фудбал, фудбал итн. Уште се понуди и тој да биде во тимот што ќе го освојувал златото. 

Лука Дончиќ, Словенец што игра во НБА знае подобро од споменативе играчи што е ракомет, го предупреди Катлер. 

„Внимавај, ракомет е многу тешко да се игра“ му напиша Дончиќ на Твитер. 

Џеј Катлер би сакале да го видиме на терен, ете ја репрезентацијата САД по огласи бара ракометари, може слободно да се пријави и да го направи спортот поинтересен. Фоксфорт уште повеќе би сакале да го видиме на терен, можеби со поглем респект кон ракометот би зборувал откако би се нашол во прегратка на Жељко Муса и Ален Блажевиќ на пример, или некаде блиску до домет на Патрик Винцек... 




 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk