ТРАНСФЕРИ И ВЕСТИ: Веспрем купуваше во Данска, Порто се засили со Хрват...

  1. Веспрем се засили со некогаш најголемиот дански талент - Николај Маркусен. Овој 211 см висок лев бек има играно за повеќе екипи низ Европа, своевремено беше и соиграч на Лазаров со Сиудад Реал, но реши да печали и на Блискиот Исток и кариерата му се промени. 
  2. Хрватот Иван Слишковиќ следната сезона ќе го носи дресот на екипата на Порто. Португалците стануваат сериозна ракометна сила, а Порто засега е доминантен на домашната сцена, иако се засилуваат и Спортинг и Бенфика. 
  3. Французинот Кентан Мае нема ниту во следните два месеца да стапне на терен. Тој се повреди на натпреварот од СЕХА, кога Веспрем загуби во Битола. Наводно се тркаше со времето за да настапи на ЕП во јануари, но сега изјави дека нема шанси ниту во февруари, а ниту пак во март да стапне на терен. 
  4. Поранешниот ракометар на Металург, Игор Мандиќ, потпиша нов договор со француската екипа Лимож. Договорот е 1+1 година. 
  5. Кратко траеше авантурата на поранешниот селектор на Австрија, Исланѓанецот Патрекур Јоханесон на чело на данскиот Скјерн. Денеска тој е заменет со Клаус Хансен. За Хансен веројатно не се слушнале, но тоа е ликот што цели 16 години беше главен во Данска за пронаоѓање и менаџирање на кариерите на данските таленти. Микел Хансен, Ханс Линдберг итн. се негови пронајдоци во данскиот ракомет. 
  6. Украинскиот десен бек Сергеј Онуфриенко потпиша нов договор со двократниот побеник на струшкиот турнир, француската екипа Шарт. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk