Пукна стакленото засилување, ќе добие ли Кузмановски шанса?

Кил веројатно многу добро знаеше каква е иднината на исландскиот талент Гисли Кристијансон кога му соопшти дека дека ќе добие благослов веднаш штом си најде клуб. Тој беше донесен да биде новиот Палмарсон, но не се разви во таков играч, а патем заработи и незгодна повреда на рамото. Се врати во игра, точно во моментот кога беше продаден.

Магдебург не си ја одработе домашната задача. Веднаш по повредата на Марко Безјак, им се виде добра идеја да го купат продуктот во кој Кил вложи три години работа, се истрча да не им го украде некој Исанѓанецот и погреши. 

Гисли Кристијансон се повреди на првиот натпревар за новиот клуб. Против Флензбург рамото му издржа 55 минути. Сега мора на нова операција и за него оваа сезона е завршена. 

Сега одново се враќаме на ситуацијата која беше актуелна пред Магдебург да инвестира во стакленото засилување. 
Тоа е минутажа за Филип Кузмановски. Македонскиот репрезентативец во Металург беше спреман и за централен бек и за лев бек, токму тоа што му фали на Магдебург. 

Проблем плус е што се повреди и десниот бек Албин Лагергин, па сега Холанѓанецот Кај Смит ќе добие шанса. Тој е ново име, донесен како замена до крајот на сезоната, има 22 години и играше во Холстебро. Ова значи уште поголема одговорност за левите бекови, каде што Дамгард го има главниот збор. 

Филип Кузмановски ќе мора да добие шанса и тоа за два дена, кога во Магдебург доаѓа третопласираниот тим на табелата, Хановер. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk