Репрезентацијата продолжува со ист директор

Нема ништо хиерархиски да се менува во македонските репрезентации до следниот голем состанок, Собранието на РФМ на кое вообичано му претходи состанок на УО. 

Конкретно се однесува за позицијата директор на репрезентацијата, позиција на која во моментов се наоѓа Димитар Митревски, меѓународен судија од Битола, кој дојде на местото на Милчо Чакарески. 

Митревски имаше „Мисија ЕП“, како спрцијална агенда, но со завршувањето на ЕП не му завршуваат обврските. Македонија во машка конкуренција има две акции во февруари. Едната е за играчи од 2004 година и ќе биде во Романија, а другата е во Атина и ќе биде за играчи од 2002 година. 

Митревски останува на позицијата директор до следната одлука. На престапниот ден годинава ќе има низа одлуки, но засега ништо не навестува дека ќе има и поголеми промени. Барем не структурно, промените се очекуваат во другите сфери на функционирање. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk