Тунис заработи долга суспензија

Тунис беше домаќин на Африканското првенство минативе денови, шампионат од каде што се обезбедуваше пласман на СП Египет 2021 и место на ОИ и Квалификациите за ОИ. 
Тунис во финалето беше поразен пред 18.000 гледачи од Египет, а во финишот на натпреварот имаше инцидент, кога од трибините влегоа навивачи на теренот и беа фрлани предмети по ракометарите на Египет. 

Денеска Дициплинската Комисија на Африканската Федерација ги изрече казните за организаторот, односно Федерацијата на Тунис. 

Парично минаа добро, казнети се само со 15.000 долари. Но, Тунис е суспендиран, односно нема да смее да организира никакви меѓународни натпреварувања во сите категории во следните четири години. Одлуката ги поништува сите претходни, односно ако Тунис претходно имал добиено организација на некое натпреварување што е под капа на Африканската федерација или ИХФ, сега ја губи организацијата. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk