Селектирани Генерациите 2002 и 2004

Двете нови генерации на македонски репрезентативци излегуваат на сцена месецот. Генерацијата од 2002 која веќе има зад себе и репрезентативно искуство оди на едно поинакво патување - Медитерански Игри во Атина. 
Овој турнир се одржува од 16 со 23 февруари. 
Медитеранската ракометна федерација, објави дека 14 земји ќе учествуваат на ракометниот турнир. Тоа ќе бидат, покрај Македонија уште (еден мал мундијал) Бахреин, Хрватска, Египет, Грција, Италија, Кувајт, Ц.Гора, Мароко, Романија, Србија, Шпанија, Тунис и Турција. 
Никола Матлиески ги повика следниве ракометари за таа акција. 

Селекцијата 2004 и помлади ја водат Раде Стојановиќ и Кирил Атанасовски. Тоа е следната генерација на играчи, што наскоро ќе бидат дел од кадетска репрезентација. 
Ова е прв собир за нив и ќе одат на турнир во Романија. Веројатно за прв пат читате и слушате за овие момчиња, се надеваме дека наскоро ќе слушате многу повеќе за нив и тоа убави работи. 

Романија е местото што ќе го паметат целиот живот како место каде што ја почнале репрезентативната кариера. Воедно прв настап на Раде Стојановиќ од позицијата селектор на Македонија. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk