Вујо купуваше и во својата Металопластика

Веселин Вујовиќ склопува сосема нов ППД Загреб кој следната сезона во ЛШ треба да заработува бодови и евра, затоа што се менува системот на играње, а и на заработување од ЛШ. 

По Владо Матановиќ, Милош Божовиќ, Никол Граховац, Сењамин Буриќ и Жига Млакар, во Загреб треба да пристигне и капитенот на репрезентацијата на Србија, голманот на Металопластика, Тодор Јандриќ. 

Српскиот весник „Журнал“ објави дека начелно се договорени сите детали и дека прашање на време е кога трансферот ќе биде официјализиран. 

Јандриќ имаше одлична сезона во СЕХА и по повредата на Милосављев требаше да „блесне“ и на ЕП. Но, повредата на скочниот зглоб на само неколку дена од почетокот на ЕП го спречи да учествува на континенталниот шампионат. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk