Вецлар го ослободи Португалецот

Португалија беше хит на ЕП, а тоа јасно значи дека и нивните ракометари си ја кренаа цената и станаа интересни за поголемите клубови, односно за поракометните држави. 

Жоао Фераз, десниот бек на Португалија е исклучок. Овој 30 годишен бек ја имаше главната улога на позицијата десен бек, пред суперталентираниот Диого Силва од Целје. 

Фераз како позајмен играч замина од Вецлар во швајцаскиот Сур, но добрите партии на ЕП нема да го вратат назад во Бундес лигата. 
Напротив, Вецлар и Сур се договорија позајмицата да стане  трансфер со што Фераз останува во Швајцарија. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk