Аеродром купи голман од Работнички

Екипата на Аеродром од Скопје на хартија си ги зголемува шансите да се пласира во плеј оф завршницата на домашниот шампионат. Блиску се до остварување на целта, но работата треба да се доврши. А и потоа, потребен е поконкурентен тим од тој што го имаа есеноска за да направат позабележителен резултат.

Аеродром денеска потпиша договор со голманот на Работнички, Мурат Куртановиќ. Засилување на голманската позиција им беше потребна затоа што Дарио Алушовски, синот на тренерот на Вардар, Стевче Алушовски, замина во Австралија и оттогаш беа во потрага по негова замена. 

Куртановиќ поранешен кадетски репрезентативец, имаше одлични партии во дресот на Работнички и без сомнеж за Аеродром ќе биде освежување и засилување на голманската позиција. 


Аеродром во меѓувреме од Металург на позајмица ги доби јуниорските репрезентативци на Македонија и Србија, Младеновиќ и Додиќ, а ја пополни бековската линија и со леворак бек - Мирче Георгиев,ракометар со потекло од Делчево кој минатата полусезона играше за Прилеп. 

Аеродром сега на сите бековски позиции има најмалку по двајца ракометари, што е неопходно за да може (по)квалитетно да се води и игра натпревар. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk