ЕХФ ТРАНСФЕРИ: Купуваа Тулуз, Берлин, Флензбург...

Повторно се реконструира тимот на ПСЖ. По Лик Абало заминува и уште едно десно крило. Едуард Кемп, на лето заминува од Париз и ќе биде нов член на екипата на Тулуз

Георги Чковербадѕе, Хуго Дескат и Жилиен Бос ги продолжија договорите со екипата на Монпеље. Нов член на овој француски клуб станува шведскиот играч што е во подем, Лукас Пелас. 

Хавиер Муњоз, шпнското крило на сехалигашот Таран Прешов од Словачка, се сели во редовите на германскиот клуб Берлин. 

Исландскиот голман Аугуст Бјоргвинсон заминува од шведскиот тим Савехоф и во продолжение на сезоната ќе се обиде да го спаси данскиот „гигант“ КИФ Колдинг кој има исклучително слаба сезона. 

Флензбург најде замена за повредениот Магнус Род. Замената доаѓа од Германија, од екипата на Хамбург и се вика Јенс Шонгарт. 

Женскиот тим Мец, презадоволен од одличните резултати во Лигата на шампионите го подолжи договорот со тренерот Емануел Мајонад. 

Кент Робин Тонесен го продолжи договорот со Веспрем на 1 + 1 година. Истовремено е официјализран и трансферот на Данил Шишкарев од Вардар во Веспрем. И на Хорхе Македа од ПИК Сегед.

Голманките Ева Кис и Амандин Лејно ги продолжија договорите со Ѓер. Таму следната сезона доаѓа и Норвежанката Сије Солберг.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk