Франција ќе оди во вториот шешир?

Машката репрезентација на Македонија не успеа да го избегне вториот шешир во јунскиот бараж за СП Египет. Се уште официјално непотврдено, но прилично е јасно. ЕХФ ќе има 20 репрезентации што ќе играат во 10 баражи. Според пласманот на последното ЕП, Македонија како 15-то пласирана, за едно место влегува во вториот шешир. Франција е последната што според пласманот влегува во првиот шешир.  
Но, можеби нема да биде така. 

Информации што ги добиваме од ЕХФ велат дека во првиот шешир ќе бидат само репрезентациите што играле во главната рунда. Сите други се во вториот. 
Тоа, пак, значи дека во првиот шешир ќе има 9 во вториот 11 репрезентации. Таа една што би требало да оди од прв во втор е Франција. 

Да беше друг тим многу посериозно ќе ја разгледувавме оваа опција. Дека ЕХФ ќе фрли фрел костен кон првиот шешир, сега кога коцките се наместени Франција да биде меѓу носителите и со 14 место... 




 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk