СЕ ВРАЌА СЕХА: Прв на терен Е. Пелистер

Европското првенство веќе нема то да понуди. Утре со ждрепката за априлскиот бараж, се отвора новото поглавје, за пласман на ЕП Египете 2021. 
На сцена се враќаат и клубовите. 
Почнуваме со СЕХА, таа е првата, продолжуваме со Лигата на шампионите.   

Е. Пелистер е првиот што ќе го гледаме на терен. По нешто повеќе од два дена, односно на 1 февруари битолчани со ново руво ќе истрчаат во салата во Нашице каде што против Нексе, годинава во улога на аутсајдер, ќе бркат добар резултат за пласман во 1/4 финалето.

Тоа ќе биде прв, официјален меч на Жељко Бабиќ на кормилото на Пелистер, но оди на добро познат терен, во неговта Хрватска. Тоа би требало да биде предност за битолчани кои во случај да го елиминираат Нексе, како што се очекува, тогаш во 1/4 финалето за противник ќе го добијат Вардар. 


Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk