ЕХФ Трансфери: Менуваа неколку екс играчи на Металург и Вардар

Поранешниот играч на Металург и на Пелистер, Александар „Сарма' Станојевиќ е нов ракометар на екипата на Нови Пазар од Србија. 

Левото крило Добривоје Марковиќ, пак, поранешен играч на Вардар од ерата на Веселин Вујовиќ во Скопје си замина од Нови Пазар.

Јануш Лапајне, словенечки ракометар што играше за Металург, го напушта Татран Прешов и продолжува во Швајцарија, во екипата на Луцерн. 

Уште еден поранешен играч на Металург, Никола Кеџо, направи трансфер. Тој ја замени романската Стеауа за екипата на Азоти Тарнов од Полска. 

ЕХФ планира во иднина да им овозможи и на гледачите да ја видат видео контролата. Во моментов само судиите и делегатот имаат пристап од повеќе агли да видат ситуација на терен. Михаел Видерер лично потврди дека ЕХФ размислува во тој правец. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk