КЛ7 и Металург со пехарите од првиот турнир

КЛ7 викендов беше домаќин на првиот меѓународен турнир за млади категории "КЛ7 2020", турнир на кој попсебен гостин беше тимот на ПИК Сегед оф Унгарија. На турнирот учествуваа пет клуба со осум екипи во две категории: 2002 и помали, 2004 и помали.
Во салата „Арихиепископ Доситеј“ во  Општина Кисела Вода беа присутни дел од најдобрите од ракометот во младински категории во Македонија, клубови кои работат во создавање на играчи од кои еден ден некои од нив ќе бидат носители на националниот дрес. 



Неколкумина од учесниците на турнирот веќе се наши репрезентативци, што е сонот на секој ракометар, да се биде дел од татковинската ракометна армија на терен.
Турнирот беше добра можност да се види кој како напредува, работи, да се спроведат практично и да се споредат "изучените лекции" . Се одиграа 12 натпревари, систем секој со секого во групата, со што се стигна до најуспешните .

Генерација 2004 го имаше следниот редослед:
1. РК Металург
2. РК КЛ7
3 РК Вардар

Најдобар голман: Иван Галевски (РК КЛ7)
Најдобар стрелец: Славчо Шулески (РК КЛ7)
Најдобар играч: Андреј Стојановски (РК Металург).

Генерација 2002 и помали го имаше следниот распоред:
1. РК КЛ7
2. РК Металург
3. РК ПИК Сегед (Унгарија)

Најдобар голман: Марк Бицок (РК ПИК Сегед),
Најдобар стрелец: Емилијан Ѓорговски (РК КЛ7),
Најдобар играч: Стефан Додиќ (РК Металург).

Најдобрите добија плакети кои им беа доделени од страна на менаџментот на РК КЛ7 и КМГ Спорт агенција, на која и припадна задачата логистички да го реализира турнирот. Признанијата на најуспешните голмани им ги врачи градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, а на најдобрите стрелци, Кирил Лазаров.
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk