Летаа предмети по новиот шампион на Африка

Египет го совлада Тунис во финалето на Арфиканскиот шампионат и покрај престижната титула, обезбеди и директен пласман на ОИ Токио, праќајќи го Тунис во квалификациите. 

Избраниците на поранешниот тренер на Вардар, Гарсија Парондо докажаа дека во моментов се далеку најдобрата екипа во Африка. 
Да го победиш Тунис е една работа, да го победиш Тунис пред 18.000 негови навивачи е нешто сосема друго. Но, Египет уште во првите 10 минути имаше водство од 3-4 гола разлика и што и да направеа играчите на уште еден шпански тренер (Тони Херона) не беше доволно за да се вратат во игра. 

И така цели 60 минути фрустрација, во која на крајот попуштија нервите на навивачите. На минута до крајот, кога веќе беше јасно дека Египет оди во Токио, од трибините почнаа да летаат предмети кон играчите на Египет. 
И не само тоа туку на терен влета и гледач кој успеа да стигне и да удри еден од ракометарите на Египет. 

Неколку минути траеше прекинот, пред средбата да продолжи, заврши, а Египет пред празни трибини да го подигне шампионскиот пехар. 

Од шампионатот во Тунис, пласман на СП Египет 2021 остварија: Египет, Тунис, Алжир, Ангола, Капе Верде, Мароко и Конго. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk