ALL STAR: Дувњак ја „украде“ славата од Сагосен (ВИДЕО)

Европската ракометна федерација го прогласи идеалниот состав за ЕХФ Еуро, неколку часа пред почетокот на големото финале. 
Чекањето до последен момент се исплатеше, барем засега. Се беше спремно за Сандер Сагосен да биде МВП, но Домагој Дувањак во полуфиналето одигра партија на кариерата и ги фрли во сенка сите други кандидати за МВП. 




Двајца поранешни вардарци, Игор Карачиќ и Хорхе Македа се во идеалниот тим, заедно со голманот Варгас, крилата Блаж Јанц и Магнус Јондал, потоа пикерот Бенче Банхиди, нормално Сандер Сагосен како лев бек.  Нај дефанзивец е Хенрик Пекелер, а МВП рековме - Домагој Дувњак. 

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk