Капе Верде ќе игра на СП 2021

Мундијалот со 32 репрезентации и тоа организиран во Африка, ќе биде егзотичен, со многу необични учесници. Африка си обезбеди учество на седум репрезентации, (Шампион, три загарантирани, домаќин и уште две изборени на СП 2019). 

Утре завршува Африканскиот шампионат, во финалето повеќе од очкувано ќе играат Египет и Тунис, а за трето место Алжир и Ангола. овие четири репрезентации се пласираа на СП Египет. 

Дебитантот Капе Верде или Зеленортска Република во мечот за петто место го совлада Мароко со 37-28 (18-13)! Можеби овој резултат ви звучи како невидена катастрофа за Мароко, но Капе Верде уште во 1/4 финалето во кое загуби од Алжир само со 23-25 покажа дека не е за потценување, уште помалку за потсмев. 

Последниот патник за Каиро ќе го даде дуелот ДР Конго - Габон. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk