Хрватска е во финале! Жељко Муса е херојот!

Хрватска е во финалето на ЕП! На епски натпревар по две продолженија 2х10 минути или вкупно 80 минути борба на терен, со голот на верувале или не - Жељко Муса, Хрватска со 29-28 ја совлада Норвешка. 

Нехумани се правилата на ракометната игра и ЕХФ/ИХФ мораат под итно да ги менуваат бесмислените двапати два по пет минути  продолженија, посебно на вакви турнирски натпревари. 
Хрватска и Норвешка одиграа прекрасен натпревар кој заврши нерешено, беше одличен и по првите продолженија, а потоа беше уништен со дополнителните продолженија. Не беше убава глетка да се видат ѕвезди како Дувњак, Сагосен... како едвај одат по теренот, како двата тима ги трошат и последните атоми од силите, а се игра еден од најважните натпревари во кариерите. 

Хрватска целосно го заслужи пласманот во финалето. Водеше во најголемиот дел од средбата, имаше во голем дел од натпреварот и водство од три гола разлика, но, на оваа средба не му одеше на Игор Карачиќ кој во  неколку наврати пропушти шанса да и обезбеди мирен финиш на својата репрезентација, било со утнат зицер или со техничка грешка. Но, натпревар на кариерата играше Домагој Дувњак кој ја водеше својата репрезентацјиа од напад во напад кон посакуваното финале. 

На спротивната страна единствено Сандер Сагосен кој постигна 10 гола и стигна на 1 погодок од рекордот на Лазаров, влечеше се, но и тој се претвори во трагичар откаков во финишот на мечот промаши пенал, а потоа го утна и последниот шут во продолжението. 

Голманите Шего и Бергеруд беа одлични, а свој печат стави и Ашанин кој обрани два пенала во финишот на натпреварот со што обезбеди нерешено на Хрватска.

Се играше гол за гол, промашување за промашување, одбрана за одбрана... на крајот рековме, играчите веќе се удираа во противниците и не можеа да стигнат до шут, се до една одбрана на Шего, па контра напад во кој Муса се најде во напад и погоди за голема радост на Хрватска. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk