Миркуловски пресече, станува (играч) тренер

Македонскиот интернационалец Филип Миркуловски ја донесе одлуката што во следните две сезони ќе му го пренасочи животот од професионален ракометар во професионален тренер. 

Миркуловски и Вецлар не се договорија околу играчкиот ангажман, но се договорија околу играчко-тренерски ангажман и македонскиот ракометар потпиша нов двегодишен договор со Вецлар. 
 

„Продолжувам овде уште најмалку две години. Првата ќе бидам играч и помошниk тренер, втората само помошник“, изјави за g-sport.mk Филип Миркуловски. 


Договорот што предвидува дека во првата сезона ќе биде играч и асистент тренер, а во втората само асистент тренер, значи дека Миркуловски во меѓувреме ќе треба да ги мине и задолжителните модули за добивање на тренерска лиценца. Тоа воопшто не би требало да биде проблем и во очекување сме на моментот кога ќе почне да дели совети од клупата. 


Преземање на авторски текстови без согласност од редакцијата или наведување на извор е обична кражба.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk