Аеродром доведе нов десен бек

Екипата на Аеродром од Скопје има реални шанси да се пласира во плеј оф завршницата на домашниот шампионат, а и таму, со оглед на новите имиња во тимот да игра значајна улога. 

Аеродром од Металург на позајмица ги доби Младеновиќ и Додиќ, а сега ја пополни бековската линија и со леворак бек - Мирче Георгиев. Овој 191 см висок ракометар со потекло од Делчево минатата полусезона играше за Прилеп, а следните две години ќе биде дел од Аеродром. 

Аеродром сега на сите бековски позиции има најмалку по двајца ракометари, што е неопходно за да може (по)квалитетно да се води и игра натпревар. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk