Штербик потврди, во јуни во пензија

Пред неколку месеци, Арпад Штербик демантираше дека планира да оди во пензија, но денеска, во интервју за унгарски портал Веир, потврди дека во јуни патиките ги заменува со папучи. 

„Дома ме чекаат две прекрасни деца и сопруга, зошто би бил тажен? Порачувам и на публиката исто, нема да одам далеку. Ако затреба, во секој момент можам да скокнам на голот“, изјави легендарниот чувар на мрежата. 

Арпад Штербик е дел од првата златна генерација на Вардар. Има полни 40 години и веројатно последен обид уште еднаш да ја освои ЛШ, по петти пат во кариерата. 
Има настапувано за Југославија (до 2008) и потоа за Шпанија. На клупски план беше дел од Југовиќ, Веспрем, Сиудад Реал (Атлетико), Барса, Вардар и сега одново Веспрем. 

Владимир Цупара, Родриго Коралес и Мартон Шекели остануваат на голот на Веспрем за следната сезона.

фото: vehr.hu
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk