Словенија загуби и искомплицира

Љубомир Врањеш имаше супер старт на кормилото на Словенија, но вечерва неговиот претходен тим, Унгарија,  му го искомплицира животот. 

Словенија беше на чекор до полуфинале, што значи и обезбедени квалификации за ОИ, но сега во таа трка се приклучи и Унгарија, тука е и Португалија, а и Исланд има шанса. 

Корпулентниот Бенче Банхиди беше незадржлив за Словенците. Постигна 9 гола, но беше главен на теренот кога Унгарија направи предност од 21-18, предност што стана недостижна за Словенците. 

На крајот 29-28 за Унгарија со шест гола на Лигетвари и девет на Бахниди, додека кај Словенците Доленец постигна 8, Зарабец погоди четири пати.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk