Червар знае како против Австрија

Хрватска - Австрија  27-23 (13-8)
Шпанија - Чешка   31-25 (14-9)
Германија - Белорусија   20:30час.

Хрватска и го нанесе првиот пораз на домашната Австрија на ЕП и ѝ покажа каде и местото на ова ЕП. Не интересеираше поставеноста на хрватската одбрана на овој меч, сакавме да направиме мала споредба. Не се далеку од размислувањата Лино Червар и Данило Брестовац, со таа разлика што Червар има подобри дефанзивци. 

А во напад ги имаше Дувњаќ, Чупиќ, Степанчиќ и особено Циндриќ за разбивање на нивната зона на разни начини. Но и во ваква поставеност, Хрватска нешто особено не се изнаигра, а Австрија не беше инфериорна. 

Петте гола разлика остварени уште во првиот дел беа дистанцата околу која беа екипите. Хрватска не можеше да избега, Австрија во неколку наврати се обиде, но не успеа да се доближи. Притоа Червар мораше да држи во игра добар дел од првата постава, додека Пајовиќ ги поажа и адутите како Живковиќ, Фес, играчи што воопшто не беа лоши и всушност ни покаа колку сме биле (по)далеку од Австрија. 
На крајот 27-23 за Хрватска и четири бода на салдо. Сега на Хрватска на патот до полуфинале и стојат Чешка и Германија. Победи над овие два тима им се доволни за полуфинале. 

На нешто сличен начин Шпанија ја совлада Чешка. Разлика направена во првиот дел, резултат што за типови како Алекс Душебаев, Кањељас, Агинагалде не беше проблем да се одбрани.



Хватска сега има четири 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk