Тоа е тоа, заврши ЕП за Македонија

Од Виена за g-sport.mk - Ричи Ѓамовски

МАКЕДОНИЈА - АВСТРИЈА 28-32 (12-18)

Македонија го истрча загревачкиот круг на ЕП и утре кога ќе почнат вистинските возбудувања на шампионатот, нашата репрезентација се враќа дома. 

Денешната битка беше најавена како се или ништо, овој пат, се враќаме назад со празни раце. Не недостасуваше мотив, желба и борбеност, тоа не можеме да им го замериме, но фалеше тоа ракометното. Промашивме се што не смеевме да промашиме, одбраната пукна кога не смееше и тоа е тоа. 

Австрија поведе со 4-1 по пет минути игра, но се врати македонскиот тим со двата гола на Стоилов и еден на Георгиевски и во 8 минута беше 4-4, а уште имавме и напад за водство. 

Потоа почна падот, две промашувања ја однесоа Австрија до водство од 8-6, но намали Лазаров од пенал, пред Билик да преземе одговорност во свои раце и да и донесе водство на Австрија од 10-7. 

По ова се играше гол за гол, а и среќата ни го заврте грбот, па трите следни голо во мрежата на Митревски беа низ иглени уши. Се уште беавме во игра со 24 минута кога Лазаров со својот прв гол од игра погоди за 10-13. 

Потоа следеа серија на наши грешки, одбраната не постоеше и Австрија поведе со 18-10. До крајот на полувремето, само ублаживме на 18-12. 

Ништо подобро не беше ни второто полувреме. Австрија во 42 минута водеше и со 10 гола разлика (26-16). Се што се случуваше на теренот по ова, е нешто што треба да се заборави. Австрија комплетно доминираше, дури и атрактивно постигнуваше голови, а сепак беше доволно сериозна за да го приведе мечот до крајот. 

Во финишот, Австрија играше практично без одбрана и Македонија успеа да го убалжи поразот. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk