Стоилов: Само домашниот терен им е предност

Од Виена за g-sport.mk - Ричи Ѓамовски

Македонската репрезентација вечерва го игра најважниот натпревар на ова ЕП, против Австрија. Потребна ни е победа за да продолжиме во следната рунда и тоа победа од најмалку два гола разлика. 

„Овој натпревар е да се биде или не. Ќе видиме и ние кои сме, што сме. Знаеме против кого играме, спремни сме. Искрено, имаат добри шутери, но освен што играат на домашен терен ништи друго не ме плаши од Австрија... Наше е да излеземе на терен и да дадеме се од себе и да победиме. 
Младите се на вистински пат. Не е лесно за Танкоски или Кузмановски да бидат лидери на теренот покрај Кирил Лазаров. Сега не е исто да го играме тоа што го игравме со Мојсо и Миркуловски. Но, тие се на вистински пат, треба само да се опуштат и да го прават тоа што најдобро го знаат. 

Остана да лебди вистинскиот одговор на прашањето зошто Стоилов не влезе во игра во финишот на натпреварот со Чешка. Денеска, вардаровиот пикер ги расчисти сите дилеми. 

„Немаше како да влезам во игра. Момците беа во негатива и се вратија без мене. Немаше да биде ниту спортски да влезев јас отпосле. Селекторот Брестовац го направи вистинскиот потег, но немавме среќа. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk