Гледајте денеска: Македонците се борат за Главна рунда

Од Виена за g-sport.mk, Ричи Ѓамовски

Дојде денот за најважната битка. И досегашните беа важни, но оваа може да биде клучна, последна. Ако Македонија денеска загуби, го завршува првенството и се враќа дома. Потоа ќе чека абер од Виена за тоа каков ќе биде квалификацискиот циклус за следното СП. 

А, тој ќе биде безмислосен, посебно за екипите што нема да играат квалификации за ОИ и за тие што си одат дома без главната рунда на ЕП, Но, да почекаме, Франција е елиминирана и тоа е идеална шанса да се измешаат сите коцки, посебно затоа што никој не го знае начинот на кој ќе се одредуваат шеширите во ждрепката. 

Но, назад на првенството, Македонија има шанса да остане во Виена со неколку комбинации. Денеска мора да победиме, со два или три гола разлика. Натпреварот почнува во 18:15 часот. 

Од 20:30 играат Украина и Чешка. И таа средба нема да биде наивна. Штета што се игра по дуелот Македонија и Австрија, па можеби ќе се знае дали Украина има шанса да изненади или нема. 

БиХ и Франција ќе играат ревијален меч во Трондхајм пред да ги спакуваат куферите и да си заминат дома. Португалија и Норвешка ќе играат за престиж и за пренесување на два бода во следната фаза. 

Словенија денеска би требало да ги спакува Анди Шмит и Швајцарија за дома. Додека Шведска ќеверификува пласман во главна рунда со евентуална победа над отпишаната Полска. 


ДЕНЕСКА ИГРААТ: 
18:15   Македонија - Австрија
18:15   БиХ - Франција
18:15   Словенија - Швајцарија
20:30   Украина - Чешка
20:30   Португалија - Норвешка
20:30   Шведска - Полска
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk