Брестовац: Победа од два разлика значи остварена прва цел

Од Виена за g-sport.mk, Ричи Ѓамовски

Македонија утре игра со Австрија натпревар што или ќе не однесе во главна рунда или ќе не врати назад во Скопје десетина дена пред планираното.
Ништо не е загубено, со победа имаме главна рунда и два бода на салдо, а тоа е идеалното сценарио за највисоката цел. 

„Пред почетокот на европскиот шампионат стравував за играта во одбрана, особено по повредата на Велко Маркоски, но овој дел засега функционира подобро.
Во нападот имаме многу повеќе проблеми, не реализираме во ситуациите со играч повеќе, се решаваме за нерезонски шутеви и додавања.
Премалку време е за преголеми корекции, но дефинитивно ќе настојуваме да одиграме многу подобро отколку на претходните две средби.
Идеално е да постигнеме 33 или повеќе голови, но гледате како се игра, тоа ќе биде многу тешко.Наша цел ќе биде да ги спуштиме Австријците на околу 24-25 гола, за да можеме да стигнеме до посакуваната победа од два гола. Австрија е поинаков тим од Чешка, двајца шутери, што ќе биде тешко да се запрат со 6-0, ако играме 5-1 тогш Билик може да нападне и да направи проблеми кај Столе... се договараме кој ќе озгледува, кој ќе покрива, затвора. Берз оглед што се работи за многу важен меч, подготовките се истите. Да видиме како ќе изгледа на терен. Јас имам многу замисли, но не функционира се како што сакам, не можам да ги предвидам сите ситуации... истакна Брестовац.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk