Наскоро ќе чукне часот: Фалангата се загреа за Чешка

Македонија и Чешка наскоро ќе ги вкрстат копјата на терен, а ветер во грб од трибините ќе имаат и двата тима. Чешка има солидна група на навивачи, но Македонија има зад себе далеку побројна војска, во секој поглед. 

Фан зоните се полнат уште од пладне, се штима гласот, подмачкува грлото и загреваат дланките. Најмалку 3.000 македонски фанови за помалку од пола час ќе тргнат кон Виена Хале. Најубавиот подарок за нив би било да можат и следниот викенд да дојдат во Виена и одново да ја бодрат Македонија, тогаш против Германија, Шпанија...
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk