„Ништо“ од новиот Палмарсон

Пред десет години, во 2009 година Кил го купи од Хафнарфјордур 19-годишниот Арон Палмарсон и го вметна во тимот заедно со Јиха, Карабатиќ, Ким Андерсон, а подоцна продолжи да игра и учи од Жером, Момир Илиќ, Нарсис... Тоа повеќекратно им се исплатеше, Палмарсон прерасна во супер ѕвезда и денеска на 29 години е еден од најдобрите светски играчи, иако веќе не ги брани боите на Кил. 

Во 2015 Кил го повтори потегот. Го купи од Хафнарфјордур, 18 годишниот Гисли Кристијансон и го најави како новиот Арон Палмарсон. 
Овој пат, приказната нема хепи енд. Гисли Кристијансон не успеа да се наметне во факт послаба конкуренција во која се времешниот Дувњак и набрзина купениот Зарабец. Патем уште се повреди и по две години Кил му ја отвора излезната врата. 
Денеска „зебрите“, во чии редови летово ќе дојде Сандер Сагосен, објавија дека Гисли Кристијансон може слободно да бара нов клуб и ќе добие благослов од клубот да си замине. 

Така Кристијансон добива шанса место да стане нов Арон Палмарсон, да стане нов Микел Хансен. Можеби не се сеќавате, но Барса 2010, не се потруди многу да го задржи и го пушти тогаш 23 годишниот Микел Хансен да си замине во Копенхаген, а таа си продолжи со Ентериос, Рутенка и Самиенто. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk