Цветковиќ: IQ тест, па селектор

Поранешниот тренер на Металург, потоа и на двапати селектор на Србија, Јовица Цветковиќ ги дочека своите пет минути, но овој пат од „таа“ страна. 

Двата пораза и елиминацијата на Србија му дадоа повод на Цветовиќ јавно да искоментира. 

„Тонеме се подлабоко и вака ќе биде се додека федерацијата ја водат разбојници. Јас за резултатот на ЕП Хрватска добив премија од 10.000 евра што уште не ми е исплатена. 
Како услов за кандидирање за селектор би вовел задолжителен тест на интелигенција. Ненад Перуничиќ, понатаму не би сакал да го коментирам“, ја пренесе Ракометен Журнал, изјавата на Цветковиќ 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk