Металург запиша пораз од Ним

Металург без голем број на првотимци (Серафимов, Танкоски, Иракли, Чантурија, Велко Маркоски, Шилегов и Поповиќ) се подготвува во Франција каде што Кастратовиќ треба да ја засили базата на играчи и да воведе малку посилна конкуренција во екипата. За таа цел се донесени и Мелоски и Стоилески на овие подготовки. 

Денеска го одигра и првиот натпревар и беше поразен од тимот на Ним. Металург беше рамноправен во добар дел од првото полувреме, но потоа Французите стигнаа до водство од 15-10 на полувреме. 

Во вториот дел веќе младиот состав не можеше да држи ритам и загуби со 23-36. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk