Митревски: Среќни сме, заслуживме победа

Од Виена за g-sport.mk - Ричи Ѓамовски

Со петнаесет успешни интервенции и сигурноста што и ја даде на македонската репрезентација, голманот Никола Митревски го заслужи епитетот јунак на натпреварот. 

„Среќни сме, ја заслуживме победата. Имавме водство цел натпревар, требаше да победиме и со поголема разлика. Но, имавме мал пад на концентрацијата и тоа го искористи Украина, па средбата стана неизвесна. 
Не не изненадија со нешто посебно, ние во голем дел одигравме тоа што се договаравме, но реков тој мал пад на концентрацијата ги смени малку работите. 
Сеедно, сега гледаме напред, наскоро нема да биде битно дали сме победиле со еден или повеќе голови, ќе бидат важни само победите“, изјави Митревски. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk