РФМ ги одреди премиите за пласманот на ЕП

Ракометната федерација на Македонија по одржаниот состанот меѓу претседателот, генералниот секретар и стручниот штаб и ракометарите ги одреди премиите за остварениот пласман на тековното ЕП.

Ако Македонија се пласира во главната рунда, тогаш премијата изнесува 30.000 евра. 

Ако Македонија се пласира во главната рунда и притоа го освои првото место во групата тогаш добива дополнителни 10.000 и вкупната премија ќе изнесува 40.000 евра. 

Ако Македонија се пласира во квалификациите за ОИ, тогаш добива плус дополнителни 30.000 евра. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk