Финално кратење, познат составот што утре ќе излезе на терен

Од Виена за g-sport.mk, Ричи Ѓамовски

Селекторот Данило Брестовац, утре мора да го соопшти финалниот состав, тим од 16 ракометари што утре ќе имаат право на настап на натпреварот со Украина. 

Со оглед на тоа дека во Виена допатуваа 18 ракометари, само двајца се преселија во резервниот состав - Мартин Серафимов и Горан Крстевски. 

Овие играчи, исто како и другите од списокот од 28 ќе имаат право на настап како замени. По две замени во секоја натпреварувачка фаза има право да направи селекторот. 

Обновено: Официјална потврда на составот се уште нема, Мартин Томовски би можел да остане на трибините на првиот натпревар заедно со Мартин Серафимов.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk